Груевски: „Секоја индивидуа, семејство има цел – посакувам да им се исполнат“!

Објавено на 5 мај, 2013 во 12:19

Премиерот Никола Груевски, денес присуствуваше на утринската литургија која се одржа во охридската црква „Св. Богородица“ Каменско, со која чиноначелствуваше митрополитот Дебарско- кичевски  Тимотеј.

Груевски посака многу среќа здравје и успех за сите граѓани на Македонија.

–  „Господ  да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успесите и со решавањето на сите предизвици и да ги оствариме сите индивидуални цели. Секое семејство, секоја индивидуа има сопствени желби и цели, поскаувам да им се исполнат и да има повеќе почит меѓу луѓето,“ рече премиерот Груевски.

Премиерот Груевски со семејството денес  ќе ја посети и црквата  „Св. Ѓорѓија“ во Струга, а утре, во Вевчани ќе присуствува на поставувањето на  камен темелник на нова црква./Б.Н.Т

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.