Груевски: „Секоја индивидуа, семејство има цел – посакувам да им се исполнат“!
Премиерот Никола Груевски, денес присуствуваше на утринската литургија која се одржа во охридската црква „Св. Богородица“ Каменско, со која чиноначелствуваше митрополитот Дебарско- кичевски Тимотеј.
Груевски посака многу среќа здравје и успех за сите граѓани на Македонија.
– „Господ да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успесите и со решавањето на сите предизвици и да ги оствариме сите индивидуални цели. Секое семејство, секоја индивидуа има сопствени желби и цели, поскаувам да им се исполнат и да има повеќе почит меѓу луѓето,“ рече премиерот Груевски.
Премиерот Груевски со семејството денес ќе ја посети и црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, а утре, во Вевчани ќе присуствува на поставувањето на камен темелник на нова црква./Б.Н.Т