Ахмети: Прашањето со името да се надмине што поскоро!

Објавено на 8 мај, 2013 во 14:22

Улогата на САД е инструментална во гаранцијата на мирот, сигурноста и стабилноста на Македонија и на регионот, но ова се постигнува само ако нашата земја стане полноправна членка на НАТО.

Пречката за реализацијата на овој процес е прашањето со името и тоа треба да се надмине што е можно поскоро, изјавил претседателот на ДУИ, Али Ахмети во Вашингтон, на средбата со Џули Смит, советник за национална безбедност на заменик претседателот на САД и со Марк Флеминд, директор за балкански прашања.

На средбата, Смит ја нагласила поддршката на САД за евроатлантските аспирации на Македонија и покажала интерес за забрзување на овој процес на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, тврдат од ДУИ. 

„САД го поддржуваат процесот под водство на ОН и сметаат дека големата инвестиција во Македонија и регионот за мир и сигурност треба да се заокружи со членство во НАТО. Претседателот Ахмети се сретна со претседателот на Американскиот Демократски Институт, Кенет Волак, како и со регионалниот директор, Роберт Бенџамин, со кои разговараше околу демократските процеси во Македонија и регионот, при што Ахмети му се заблагодари на претседателот на Институтит за целата поддршка за изградба на демократски капацитети на институциите во Македонија“, се наведува во писменото соопштение од партијата на Ахмети.

Денеска, Ахмети ќе престојува во Пентагон, Стејт Департмент, како и во Американскиот Конгрес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.