Возењето такси без лиценца ќе биде кривично дело!
Објавено на 14 мај, 2013 во 06:54
Возењето на такси возила без лиценца ќе претставува кривично дело и ќе се одземаат возилата. Ова е предвидено со измените на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајаноски пак, потсетува дека со новите измени во Законот за патен сообраќај, и општинските инспектори ќе можат да ги одземаат возилата на дивите превозници кои вршат такси-превоз без лиценци.
„ Ги охрабрувам сите општини да го почитуваат овој Закон и да одземаат возила што немаат лиценци за вршење ваква дејност, зашто во спротивно, ако не се преземаат мерки, ќе испаднеме несериозни кон граѓаните, вели Трајановски.
