ОНЕ прифати пониски цени за дигитализација!

Објавено на 14 мај, 2013 во 13:20

Барањата на националните и регионалните телевизиски станици и на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски за пониски цени за дигитализација ги прифати операторот ОНЕ.

„Ја препознаваме важноста на проектот дигитализација кој е од национален интерес и очекуваме дека овој чекор ќе ги охрабри телевизиите да се приклучат кон процесот, а сето тоа во интерес на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на ОНЕ.

Намалувањето на цената, што ќе значи и оптимизација на техничките услови, е во бараниот процент, односно 36 отсто од иницијалниот износ, во случај на плаќање на годишна основа. Тоа значи дека националните телевизии ќе плаќаат 99.840 евра, а регионалните 13.056 евра, соопшти ОНЕ.

ОНЕ до надлежните институции веќе поднесе барање за измени на договорот и прилозите кон истиот со што овие промени би стапиле во сила.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.