Сончев и топол ден!
Објавено на 15 мај, 2013 во 06:32
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пораст на температурата.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 10, а дневната од 22 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Пораст на температурата ќе има и во наредните денови. В петок се очекува попладнето да настапи нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.
