Внимателно возете, има поправки на патишта!

Објавено на 15 мај, 2013 во 07:04

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот (наместо по една) сега се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Во клисурите се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар – Кичево, Катланово-Велес, Д.Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот преку реката Вардар, кај село Пепелиште целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.