По налог и Фрчковски ќе биде прогласен за кодош!?

Објавено на 23 мај, 2013 во 21:24

Професорот Љубомир Данаилов Фрчковски во понеделник ќе биде на тапет на лустраторите, објави порталот „Либертас“.

Како што пишува овој портал веднаш по настапот на Фрчкоски пред Уставниот суд и жестоките критики за неуставноста на Законот за лустрација, Комисија веднаш го стави на дневен ред за седницата во понеделник.

„Оваа трагикомедија на осветољубовост на ДПМНЕ и неговите инсталации според експертите говори само за едно: политичарите и интелектуалците кои ја создадоа независната македонска држава, ДПМНЕ сака административно да ги елиминира или барем да ги повреди и обележи“, пишува  „Либертас“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.