По налог и Фрчковски ќе биде прогласен за кодош!?
Објавено на 23 мај, 2013 во 21:24
Професорот Љубомир Данаилов Фрчковски во понеделник ќе биде на тапет на лустраторите, објави порталот „Либертас“.
Како што пишува овој портал веднаш по настапот на Фрчкоски пред Уставниот суд и жестоките критики за неуставноста на Законот за лустрација, Комисија веднаш го стави на дневен ред за седницата во понеделник.
„Оваа трагикомедија на осветољубовост на ДПМНЕ и неговите инсталации според експертите говори само за едно: политичарите и интелектуалците кои ја создадоа независната македонска држава, ДПМНЕ сака административно да ги елиминира или барем да ги повреди и обележи“, пишува „Либертас“.