„Небо од меурчиња“ создадоа кумановчани!

Објавено на 25 мај, 2013 во 15:06

Меурчиња од сапуница во бои на виножито полетаа денеска кон небото над Куманово. Идејата e на волонтерите од неколку европски земји кои престојуваат тука, бидејќи во исто време забавата со меурчиња е организирана и во Познан, Полска како и во Барселона.

Ова е потик да се анимираат младите луѓе за поголемо дружење, а кај возрасните да се врати духот на младоста.

Матеј Маневски, “Мулти Култи” вели дека генералната симболика е да се промовираат мирот, дружбата и радоста кај младите затоа што во реалноста има премногу политика.

Паулина Тшибу,  волонтер од Полска вели дека целта е да се обединат младите луѓе и децата, но и повозраснитем за миг да се почувствуваат безгрижно, како деца. Другата поента е да се зближат културите од двете држави, вели таа.

Од идната година се планира да се омасови целата манифестација. На градскиот плоштад во Куманово да се повикаат млади луѓе од цела Македонија и да го соборат Гинисовиот рекорд во правење меурчиња од сапуница.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.