„Небо од меурчиња“ создадоа кумановчани!
Меурчиња од сапуница во бои на виножито полетаа денеска кон небото над Куманово. Идејата e на волонтерите од неколку европски земји кои престојуваат тука, бидејќи во исто време забавата со меурчиња е организирана и во Познан, Полска како и во Барселона.
Ова е потик да се анимираат младите луѓе за поголемо дружење, а кај возрасните да се врати духот на младоста.
Матеј Маневски, “Мулти Култи” вели дека генералната симболика е да се промовираат мирот, дружбата и радоста кај младите затоа што во реалноста има премногу политика.
Паулина Тшибу, волонтер од Полска вели дека целта е да се обединат младите луѓе и децата, но и повозраснитем за миг да се почувствуваат безгрижно, како деца. Другата поента е да се зближат културите од двете држави, вели таа.
Од идната година се планира да се омасови целата манифестација. На градскиот плоштад во Куманово да се повикаат млади луѓе од цела Македонија и да го соборат Гинисовиот рекорд во правење меурчиња од сапуница.