Претпладне сонце, попладне пороен дожд и грмежи!
Објавено на 4 јуни, 2013 во 07:16
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.
Во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 20 до 28 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време ст температура до 24 степени.