Возете внимателно, коловозите се влажни!

Објавено на 13 јуни, 2013 во 08:07

Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Укината е забраната за движење преку Пепелишки мост (број 9) на патниот правец Р1-103 Неготино – с.Лакавица. По извршена контрола пуштен е за сообраќај за сите возила со ограничување на брзината до 30км/ч. Сообраќајот се одвива по левата коловозна лента поради санација на столбно место бр.3.

На патниот правец Демир Капија – Удово завршени се градежните работи. Собраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правци.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На регионалниот пат Кочани-Штип, поточно на делницата од с.Чардаклија до Штипска петља се изведуваат градежни работи, но нема застој на сообраќајот.

На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.