ХЕРА: Дали сите закони, за претседателот Иванов се про – форма!

Објавено на 19 јуни, 2013 во 10:22

Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише  новиот Закон за прекинување на бременоста е заснована врз прилагодување на идеолошките убедувања и одлуките на администрацијата што го донесе, па повикувањето на правните аргументи, сега е безпредметно, се вели во денешното соопштение на невладината организација ХЕРА.

Радио Слободна Европа пренесе дека преставници на Хера оствариле средба со тимот на претседателот Ѓорге Иванов на која разговарале за потпишаниот указ од страна на претседателот.

ХЕРА е зачудена што тимот на Претседателот Иванов не бил во тек со расправата за овој закон и покрај писмата од 72 македонски организации, 91 меѓународна и од евро-пратениците. Исто така, се поставува прашањето дали сите закони во Македонија за претседателот се про форма, бидејки советниците на претседателот посочиле дека станува збор за про-форма измени.

Во соопштението ХЕРА најви дека ќе го обжали законот со претставки пред Уставниот суд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.