Мемети со писмо против тортурата

Објавено на 26 јуни, 2013 во 09:07

Денес е 26 јуни – Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура.

Прикладен ден за држава во која тортурата сеуште постои во државните затвори, психијатриски болници, поправни домови и полициски станици.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, денес испати писмена порака во која ја нагласува потребата да се запре оваа појава и да се поддржат жртвите.

– […]тортурата е еден од најкомплексните начини на повреда на правата, така што со неа не само што се нанесува физичка и психичка болка, туку се повредува и човечкото достоинство, како и личниот интегритет на лицата врз кои се применува, вели народниот правобранител.

Првобранителот додава дека единствен начин да се спречи тортурата е да се пронајде интергриран пристап, кој опфаќа законско забранување на истата, со соодветно спроведување на законот и механизам кој ќе ги надгледува домашните и странските стандарди.

– Преку откривање на тортурата која се извршува од страна на јавни државни службеници се зголемува одговорноста на општеството за ефективна и континуирана поддршка на жртвите од тортура, како и преземање на мерки со цел намалување на оваа појава во иднина. Посетите кои ги спроведуваат Националните превентивни механизми се само дел од мозаикот на активности кои се превземаат со цел превенција од тортура како и другите видови на сурово, нечовечно или понижувачко постапување, посочува Мемети.

Според извори на Телма, претставниците на Националниот превентивен механизам извршиле 60 посети.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.