Владата да им ги исплати субвенциите на земјоделците!

Објавено на 2 јули, 2013 во 15:00

Ова барање е на пратеничката Ленче Николовска, која како претседател на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Таа барање до Владата го испорача од седиштето на СДСМ.

– Тие се обезбедени со закон и мора да се даваат навреме тогаш кога на земјоделците им се најпотребни, за да може субвенционирањето да има развоен ефект, рече Николовска.

Таа обвини дека е изминат крајниот законски рок за исплата на субвенции во кој земјоделците не ги добиле ветените пари. Нколовска рече дека земјоделците последен пат зеле субвенции пред изборите, а за исплата имало уште најмалку 50 милиони евра.

– Парите си ги чекаат сточарите, лозарите, градинарите, поледелците, овоштарите како и дел од тутунопроизводителите,  изјави Николовска.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.