Владата да им ги исплати субвенциите на земјоделците!
Објавено на 2 јули, 2013 во 15:00
Ова барање е на пратеничката Ленче Николовска, која како претседател на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Таа барање до Владата го испорача од седиштето на СДСМ.
– Тие се обезбедени со закон и мора да се даваат навреме тогаш кога на земјоделците им се најпотребни, за да може субвенционирањето да има развоен ефект, рече Николовска.
Таа обвини дека е изминат крајниот законски рок за исплата на субвенции во кој земјоделците не ги добиле ветените пари. Нколовска рече дека земјоделците последен пат зеле субвенции пред изборите, а за исплата имало уште најмалку 50 милиони евра.
– Парите си ги чекаат сточарите, лозарите, градинарите, поледелците, овоштарите како и дел од тутунопроизводителите, изјави Николовска.