Груевски призна дека имало несогласувања со ДУИ

Објавено на 7 јули, 2013 во 18:29

Односите со ДУИ се влошени, но сеуште се на одржливо ниво по вонредните парламентарни избори во 2011 година, призна во интервју за „Нетпрес“ премиерот Никола Груевски.

Тој рече дека во власта имало несогласувања.

Тврди дека за дел од проблемите се наоѓало решение, но за дел сеуште не. Не прецизира кои проблеми останувале без решение.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за АЛФА вели дека е разбирливо да има разлики меѓу партии што претставуваат два посебни народи. За нив е битно да се почитува генералниот коалицискиот договор, а недоразбирања на дневно ниво, според Османи, има и во рамки на самите партии а камоли меѓу две партии.

Премиерот во интервјуто и забележува на ДУИ, но и на ДПА со која претходно соработуваше, дека при креирањето на коалициските договори, нивните лидери многу поголемо внимание им посветувале на кванитетот на функционерски позиции, отколку на квалитетот на кадрите кои подоцна се назначуваат. И ОД  ДУИ имаат иста забелешка за кадрите од спротивниот табор и велат дека слабости веројатно постојат, штом впечатокот е обостран.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.