Охридските плажи викендов беа празни!

Објавено на 7 јули, 2013 во 21:30

И покрај официјалниот почеток на летната туристичка сезона, променливото време и разбрануваната вода, викендов,  ги остави празни охридските плажи, пренесе Охрид њус .

За разлика од минатите години кога во овој период од годината плажите беа полни со капачи,  деновиве на крајбрежјето  можеа да се забележат единствено празни лежалки и минимален број капачи во вода.

Се капеа само оние најхрабрите кои не можеа да и одолеат на разбрануваната и свежа езерска вода.

Променливото време продолжува  и наредните денови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.