Охридските плажи викендов беа празни!
Објавено на 7 јули, 2013 во 21:30
И покрај официјалниот почеток на летната туристичка сезона, променливото време и разбрануваната вода, викендов, ги остави празни охридските плажи, пренесе Охрид њус .
За разлика од минатите години кога во овој период од годината плажите беа полни со капачи, деновиве на крајбрежјето можеа да се забележат единствено празни лежалки и минимален број капачи во вода.
Се капеа само оние најхрабрите кои не можеа да и одолеат на разбрануваната и свежа езерска вода.
Променливото време продолжува и наредните денови.