Државата уништи поголемо количество запленети оружје и дрога!

Објавено на 9 јули, 2013 во 11:58

Во печките на комбинатот „Југохром Фероалиоис“ од Јегуновце денеска беше уништено поголемо количество на оружје и дрога од разни кривични дела за кои биле донесени правосилни пресуди.

Акцијата се спроведе по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје.  Уништувањето го следеа министерката завнатрешни работи, Гордана Јанкуловска и министерот за правда Блерим Беџети.

 

„ Станува збор за оружје и наркотични дроги при што 345 парчиња оружје во најголем дел автоматски пушки и пиштоли, гасни пиштоли и друго малокалибарско оружје како ловечки пушки, ловни карабини и воздушни пушки и слично. Кај дрогата се уништуваат 226 килограми марихуана, нешто над 60 килограми хероин, околу 15.000 таблети екстази и помала количина кокаин“ рече  Јанкулоска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.