Седумстотини кандидати заинтересирани за први луѓе на државни институции

Објавено на 12 јули, 2013 во 17:01

 

На  вториот јавен повик на владата се опфатени 99 раководни функции, од кои 40-тина за централно ниво, а останатите за подрачни единици на државните институции.

За нив конкурирале околу 550 лица а имало и кандидати кои се понудиле за неколку места.

Директорските места на универзитетските клиники, секторски директори за финансиски прашања, МЕПСО и Агенција за државни патишта биле најпосакувани.

Од владата информираа дека била направена селекцијата. Тие што влегле во потесен круг ќе бидат повикани на интервјуа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.