Сообраќајот се одвива тековно по суви коловози

Објавено на 17 јули, 2013 во 06:59

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ ги известува возачите дека е воведена времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08.

Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони.

Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот.

Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.

На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје.

Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.