Советот на општина Центар денеска на седница со граѓаните кај Бристол
Објавено на 7 август, 2013 во 07:03
На местото каде среде ноќ беа исечени дрвјата кај хотелот Бристол денеска советниците од општината Центар ќе оддржат седница.
Вчера, координаторот на советничката група на СДСМ при Општина Центар Игор Алаџајков ја најави седницата која има за цел да им овозможи на граѓаните да ги слушнат ставовите на советниците.
Според Алаџајков опструкциите од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ ја одоговлекувале постапката на измени и дополнувања на ДУП – овите кои не биле сменети.
Не се знае дали на денешната седница, кај хотел Бристол, ќе присуствува советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
