Верниците од исламска вероисповед слават Рамазан Бајрам

Објавено на 8 август, 2013 во 07:10

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.

Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници.

Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена.

На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Исламското учење вели дека во тој месец е објавена светата книга Куран.

Честит Рамазан Бајрам.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.