Советот на Центар синоќа одржа јавна седница кај Бристол

Објавено на 8 август, 2013 во 07:31

Советот на општина Центар синоќа одржа седница под отворено небо, во уништениот парк до хотел „Бристол“. Седницата беше јавна и ја следеа стотина граѓани. Советниците расправаа за сечењето на дрвјата и за другите случувања на оваа локација, кои кај граѓаните на општината предизвикаа голем револт, пренесе ТВ Телма.

Тие упадот во паркот и сечењето на дрвјата со полициска асистенција го оценија како вандалски чин. Претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ потсети дека ДУП-от за оваа локација беше донесен од страна на претходниот Совет, во пет часот наутро, слично како што беа исечени и дрвјата.

На седницата беше речено дека овој Совет на разни начини беше оневозможуван да ги повлече четирите спорни ДУП-ови и дека тоа ќе биде сторено во блиска иднина, а тоа ќе значи и поништување на маркичките за изградба на неколку објекти во Центар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.