Семејствата на загинатите кај Карпалак бараат споменик

Објавено на 8 август, 2013 во 12:38

Спомен обејежјето да се постави покрај плочата со имињата на десетте прилепски припадници на АРМ загинати кај Карпалак, на автопатот Тетово – Скопје во 2001 година.  Ова го побараа дел од семејствата на загинатите прилепчани , на денешното одбележување на дванаесетгодишнината од настанот, пренесе Плусинфо. Споменикот да биде своевиден знак за благодарност кон оние кои го дадоа својот живот за татковината.

– Остануваме на барањето што поскоро на Карпалак да биде подигнат споменик на загинатите бранители од прилепско – рече Вецо Секулоски, брат на загинатиот бранител Пецо Секуловски.

Меѓу нив беше и преживеаниот возач на автобусот од нападнатиот армиски конвој, Ацо Јованоски Реган.

– Жално е што и по толку време не е пронајдено решение за соодветно одбележување на местото од загинувањето на десетте прилепски резервисти со споменик наместо со спомен плоча со нивните имиња, рече Јованоски.

Претставникот на здружението „Прилепски бранители“, Зоран Талески, го поддржа барањето за поставување спомен обележје.

– Дојдовме да се поклониме на местото каде загинаа нашите соборци, сограѓани и пријатели. Ние од ова здружение имаме една желба, а тоа е сите бранители да бидеме во едно здружение за да бидеме посилни со што ќе поставиме споменик на Карпалак, а и ние полесно ќе ги оствариме своите права – рече Талески.

Семејствата, пријатели на загинатите, како и претставници на државата и на Генералштабот на АРМ, денеска пред спомен плочата на Карпалак положија цвеќе, а свештеници на тетовското архиерејско намесништво на МПЦ-ОА отслужија панихида за загинатите бранители.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.