Продолжува амандманската расправа за предлог законот за медиуми

Објавено на 21 август, 2013 во 09:56

Денеска продолжува амандманската расправа по предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Во текот на вчерашниот ден поминати се само 13 амандмани од вкупно поднесените 94 за овој закон. Прифатени се пет амандмани од кои два на опозицијата. Претходно девет беа повлечени од пратениците од Социјалистичката партија.

Како втора точка на дневен ред на оваа седница е и Предлог-законот за медиуми за кого пратениците поднесоа над триесетина амандмани.

Според Деловникот за работа на Собранието, амандманите треба да бидат разгледани во рок од три дена од отпочнувањето на седницата на Комисијата односно до утре.

Седницата на Законодавно-правната комисија на која на дневен ред, меѓу другото, се и медиумските закони од вчера беше презакажана за денеска, но повторно е одложена за утре во 11 часот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.