Последен ден за комисиска расправа по законите за медиуми

Објавено на 22 август, 2013 во 08:17

Денеска на последниот, од предвидените три дена, според Деловникот за работа на Собранието за изјаснување по амандманите продолжува расправата по Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни комуникации.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во изминатите два дена се поминати 63 амандмани, од вкупно 94 поднесени за овој закон, од кои прифатени се 20.

За Предлог-законот за медиуми и за аудиовизуелните медиумски услуги се поднесени околу 130 амандмани, повеќето од опозицијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.