Зголемен интензитет на сообракај на сите патни правци

Објавено на 24 август, 2013 во 07:06

На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци – Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.