Продолжен притворот на новинарот Кежаровски
Со нови 30 дена е продолжен притворот на новинарот Томислав Кежаровски кој четврти месец ќе остане во притворското одделение во затворот во Скопје. Според Кривичниот суд мерката се продолжува за да не избегал новинарот или да не доаѓа на судење, пренесе А1.он.
На првото рочиште на процесот „Ликвидација“ Кежаровски рече дека мерката кој му ја одредува судот е крвничка.
„Кривичната пријава и обвинението за мене се неприфатливи и демонстрација на лицемерие со цел да се прикрие што точно се случило“, рече новинарот Кежаровски.
А1.он потсети дека на двајцата жители на Скопје кои на крајот на јули насилно се обидоа да внесат 36-годишна девојка во нивниот автомобил, а потоа ја влечеа и нанесоа телесни повреди, истражниот судија им одреди 30-дневен домашен притвор. Домашен притвор доби и Паско Кузман, но Кежаровски за објавен текст веќе четврти месец е во притвор.
