РСЕ: „Верските прашања станаа политички“

Објавено на 26 август, 2013 во 10:31

Нестабилните односи во политичкиот живот се одразуваат и во секојдневниот  живот на луѓето, велат експертите. Последните случувања во струшкото село Октиси јасно покажуваат дека е потребен дијалог, изјави Цане Мојановски, поранешниот претседател на Комисијата за меѓурелигиски односи, пренесува Радио Слободна Европа.

Неговиот  коментар доаѓа откако во Октиси темелите на црквата останаа неосветени, бидејќи поголема група жители од муслиманска вероисповед ја попречија градбата,

 

Тоа е последица на отсуството на меѓуверскиот дијалог и втора ситуација што верските чувства се користат за политички цели.

Цане Мојановски, поранешен претседател на Комисијата за меѓурелигиски односи.

„Тоа е последица на отсуството на меѓуверскиот дијалог и втора ситуација што верските чувства се користат за политички цели“, вели тој.

Доколку постоеше дијалог, меѓуверските лидери прашањата со решавањето на џамијата во Лажец или за изградба на црквата во струшко ќе станеа прашања на верниците, а не на политичките структури, додава Мојановски.

Политичарите, немајќи начин да ги решат проблемите на граѓаните, ја негуваат оваа тензична атмосфера постојано.

„Овој народ на Македонија го карактеризирала способност да ја почитува разликата, тоа не е одлика само на оваа генерација, туку на генерациите многу пред нас и за жал таа вредност во последните години се употребува за други цели“, вели тој.

Октиси е село во кое живеат жители од православна вероисповед и Македонци муслимани.

Во целост текстот можете да го најдете тука

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.