Дипломатски скандал!
Македонскиот почесен конзул во Перу, Дејан Атанасовски, со своето насилничко однесување ја тероризирал целата зграда каде живее и е сместен македонскиот конзулат во перуанскиот главен град Лима.
Перуанските медиуми јавуваат дека по непримерното однесување на конзулот, и караницата со станарите Атанасовски ја нападнал и полицијата која дошла да интервенира, еве извадок од перуанските вести за случајот.
Насилничкиот карактер на Атанасовски дошол до израз кога пристигнале полицајците и тогаш почнал да ги турка луѓето кон излезот потпирајќи се на својот дипломатски имунитет.
Според перуанските медиуми македонскиот конзул имал неколку пријави во полиција за насилничко однесување, но од македонското министерство за надворешни работи велат дека не знаеле за овие скандали. Министерот Попоски вели кога ќе бидат известени ќе реагирале.
Во овој момент не знаеме дали и што точно се случило, кога ќе дознаеме сигурно ќе дејствуваме – вели министерот за надворешни работи Никола Поповски
Извор: 24 вести
