Обвинетите за убиството кај Смиљковско ќе бидат екстрадирани од Косово
Објавено на 10 септември, 2013 во 09:58
Штом во Косово заврши судскиот процес за поседување оружје, двајцата првоосомничени за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во минатата година, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе бидат екстрадирани од Косово. Ваква изјава дал косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими кој учествува на конференција во Вашингтон.
„Нема никаква сомнеж дека убијци, луѓе обвинети за ѕверски убиства, ќе бидат предадени и ќе платат за нивните злосторства. Се работи за техничко прашање, кое не би сакале да се политизира или да се каже дека Косово не сака да ги предаде овие луѓе“, изјави Селими.
