Умерено облачно, попладне со услови за дожд
Објавено на 11 септември, 2013 во 06:30
Денеска времето во земјата ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне услови за слаб локален дожд ќе има во западните и северозападните како и во североисточните и источните предели.
Ќе дува слаб јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 34°C. УВ индекс 5.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 31°C. УВ индекс
