АМСМ: Сообраќајот на Блаце и Јажинце во прекин
Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци.
Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
Почнувајќи од 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
Режимите за сообраќај на тешки товарни возила на државните патишта во РМ се завршени.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.На патниот правец Р1 303 Прилеп – Македонски Брод – Кичево на 33 км, од планинскиот превој Барбарoс кон Македонски Брод на м.в.Арматоец сообрќајот е нормализиран.
На 12.09.2013 година поради изведување на градежни работи кај х.„Бристол“ ќе се врши пренасочување на сообраќајот на ул.„Даме Груев“, ул.„Димитрије Чуповски“ до раскрсница ул.„Даме Груев“-ул.„11 Октомври“ од рас.Св.Кирил и Методиј-бул.„Кочо Рацин“ до раскр.бул.„Св.Климент Охридски“-ул.„Св.Кирил и Методиј“, сервисната улица од ул.„Јужен Булевар“ кај Рамстор кон ул.„Св.Кирил и Методиј и од раскр.ул.„Македонија“-ул.„Д.Груев“ кон раскр.ул.„Македонија“-ул.„Св.Кирил и Методиј“.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.
