Во струшко Подгорци, граѓаните со протест ја бранат шумата од нелегална сеча

Објавено на 13 септември, 2013 во 07:12

Жителите на струшко Подгорци протестираат против нелегалната сеча на огревно дрво во атарот на селото, пренесе Охрид њус. Месната заедница за оваа појава ги алармирала надлежните во Македонски шуми и полицијата кои вчера излегле заедно со жителите на местото каде, како што тврдат мештаните се одвива нелегална сеча.

Во дописот испратен до медиумите Месната заедница од Подгорци информира дека додека не се реши проблемот со нелегалната сеча локалното население ќе продолжи да протестира и да го спречува транспортот на дрва од атарот на селото.

Ова не е прв ваков случај во струшко. Минатата година протести имаше во селото Мислодежда, каде локалното население исто така го стопираше транспортот на огревно дрво од планината Краорман, која, како што тогаш беше истакнато, неконтролирано ја пустошат крадци на дрва.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.