„Плоштад Слобода“ реагираше за полициската акција кај хотел Бристол
Претставниците на Плоштад Слобода го изразија својот револт поради инвазијата од специјалци кои дојдоа во огромен број за да растераат и уапсат само единаесет паркобрани, без да им образложат зошто се уапсени, пренесе Окно.мк.
„Дали седењето на клупа и грицкањето сончоглед претставува нарушување на јавниот ред и мир? Дали навистина беа потребени 400 специјалци, десет борбени возила, а ние бевме само 11 луѓе. Колку чини оваа акција на полицијата и дали навистина толку полицајци секогаш интервенираат кога е нарушен јавниот ред и мир“, прашуваат преставниците на „Плоштад Слобода“.
Според членовите на оваа организација, очигледно е дека повеќе не станува збор за парк и урбано зеленило, туку за узурпирање на слободата на говорот и уништување на сите кои имаат критички став и не се согласуваат со идеите на власта за барокно Скопје.
„Груевски три пати нè тераше да кажеме за што сме, а за што не сме. Три пати му порачавме дека сакаме повеќе зеленило, а помалку барокни згради во Центар. Три пати не нè послуша. Оттогаш, Никола Груевски пресече веќе неколку паркови во Центар“, вели Никола Наумоски.
