Деблокада на македонско – косовската граница најавена за ноќеска, на полноќ

Објавено на 14 септември, 2013 во 07:59

Владата на Косово најави повлекување на ембаргото за македонските производи. Одлуката е донесена откако вчера Владата на Македонија ја укина одлуката за условен увоз на брашно.

– Границата ќе се деблокира во сабота навечер, вели вицепремиерот на Косово Хајредин Кучи во изјавата што ја пренесе Нова.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, вчера информираше дека македонската Влада одлучи мерката за условен увоз на брашно да престане да важи на полноќ, на 15 септември. Со одлуката е запозната Владата на Косово.
Оваа мерка беше причина за неколкудневната блокада на македонско – косовската граница и несогласувањата меѓу владите на Косово и на Македонија.

Косово најнапред воведе делумно ембарго за увоз на македонски производи, а по воведувањето такси за влез во Македонија за патници и автомобили од Косово, Приштина и целосно го забрани увозот од Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.