Почнува судењето на Пасно Кузман
Во скопскиот Кривичен суд, денеска, ќе започне судскиот процес против екс директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево.
Тие кај Катланово трагале по закопано злато, вредно неколку милиони евра, додека во месноста Драмски Рид, близу Делчево, во еден напуштен и затрупан тунел се барало големо количество оружје оставено од германската војска во Втората светска војна.
Во издадените согласности не биле наведени точните локации каде требало да се изведуваат ископувањата, а на двата локалитети Кузман го назначил Николовски да врши археолошки надзор, додека како координатор се јавува Бојчевски, но за тоа нема никаква официјална документација. Исто така, не постои ниту еден записник од извршена контрола ниту пак задолжителна фотодокументација од вршени ископувања, па не е познато дали нешто е пронајдено на двата локалитети и што се случило со предметите, јави весникот Вечер.
