Распишана меѓународна потерница по Зоран Божиновски

Објавено на 21 септември, 2013 во 13:03

Министерството за внатрешни работи по барање на Основниот суд во Скопје распишало меѓународна потерница за тројцата осомничени во случајот „Шпион“.

Меѓу нив е и уредникот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. Истражниот судија и нив им одреди мерка притвор но во отсуство.

Божиновски преку социјалните мрежи најави дека нема сам да се предаде и дека ќе чека да биде екстрадиран од земјата во која се наоѓа.

Тој најави дека ги разотркие документите кои во Македонија се водат во истрагата за овој случај, кој поради сензитивноста е класифициран како тајна.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.