Дојде есента

Објавено на 23 септември, 2013 во 08:19

Синоќа, недела, 22 септември, во 22 часот и 44 минути по средноевропско време, започна есента. Тој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица .

Есента ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткодневица. Од недела, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта

Според метеоролозите не очекува убава, топла пријатна есен без некои сериозни заладувања.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.