Баронесата Д`Соуза денеска на средби со државниот врв откако вчера се сретна со Заев
Баронесата Францес Д’Соуза, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска ја продолжува официјалната посета на Република Македонија.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ја прими баронесата Д’Соуза а потоа ќе има средба и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.
На средбата вицепремиерот Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се осврне на реформите и напорите што Република Македонија ги презема во поглед на интегрирање во Европската унија.
Д’Соуза вчера беше примена од претседателот на македонскиот Парламент Трајко Вељаноски и се обрати пред пратениците.
Баронесата Д’Соуза, вчера, на Бихачка оствари средба со Зоран Заев, лидерот на најголемата опозициска партија.
Заев ја информирал баронесата Д’Соуза за работата на најголемата опозициона партија во земјава, за начинот на креирање политики, делувањето како конструктивен фактор во решавањето важни прашања, како и за соработката на СДСМ со сестринските партии во Европа.
Покрај актуелните политички случувања во земјава и регионот, претседателот на СДСМ, Заев и баронесата Д’Соуза разговарале и за продлабочување на традиционално добрите пријателски врски помеѓу Р. Македонија и Обединетото Кралство.
