Денеска умерено облачно
Објавено на 27 септември, 2013 во 07:44
Денеска времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се зголемува, a во северозападните и североисточните предели ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни ќе достигнат до 20°C односно до 30°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Умерен северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°C.
