Обвинителството подигнало обвинение против актерот Кирил Поп Христов
Објавено на 27 септември, 2013 во 20:45
Обвинителството попладнето поднело обвинение против актерот Кирил Поп Христов за неовластено одгледување и производство на марихуана, потврдуваат оттаму официјално, јавува Канал 5.
„Кили утрово беше префрлен во клиниката за Трауматологија, бидејќи уште пред да биде притворен ја скршил раката, па сега оди на редовни прегледи кои му биле од претходно закажани“, изјави директорката на Истражниот затвор.
Неговиот адвокат бара да му се укине мерката притвор поради здравствената состојба.
Кили беше уапсен во куќата на неговата мајка во Визбегово каде полицијата открила мини лабораторија со 80 саксии канабис сатива.
