Уште викендов сонце, од понеделник дожд
Објавено на 28 септември, 2013 во 07:45
Од понеделник не очекува промена на временската состојба. Времето ќе биде нестабилно со пообилни врнежи од дожд.
Во текот на денешниот ден во Македонија времето ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло.
Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 31°C. Ув индекс 5.
Во Скопје претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°C.
