Времето денеска сончево и ладно

Објавено на 4 октомври, 2013 во 08:01

Во утринските часови ќе има појава на слаба магла, и по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Ветерот ќе достигне брзина до 20 км/ч. Утринските температури од -4°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°C до 21°C.

 

Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево, студено и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 16°C.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.