Почнува, денеска, судењето на обвинетите во „Агент“
Објавено на 9 октомври, 2013 во 09:59
Почнува судскиот процес за случајот „Агент“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенечки државјанин.
На товар на осомничените се ставени малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар Борис Трајковски.
Тие се осомничени за перење на над милион евра, што наводно ги земале за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Додека беше во притвор, поранешниот прв контраразузнувач, Богоевски беше прогласен за соработник на тајните служби.
