(ВИДЕО) Заев: „Да ја вратиме средната класа”
„Во историјата на секој народ се случуваат подеми и падови кои го одредуваат правецот на развој на народот или државата на подолг рок. Но, во развојот на државата ништо не е однапред одредено, туку сé се случува како човечка промисла и преку идеи за подобра организација на општеството. Кога нацијата доживува подем тогаш велиме дека таа расте и се развива. Кога државата доживува падови тогаш велиме дека таа назадува или, пак, исчезнува причината за која е создадена. Секогаш овие подеми или падови се поврзани со одлуки кои ги носат личности и институции кои знаат да ја повлечат нацијата напред или да ја вратат во минатото“ вели меѓу другото во видео обраќањето лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Повеќе во видеото:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=xbYr6io_Me4{/youtube}
