Сончево и надпросечно топло
Објавено на 29 октомври, 2013 во 08:27
Во утринските часови ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло.
Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 4°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°С до 27°С.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 8°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 25°С.
